На 61 година се самоуби познатиот готвач Ентони Борден

8 јуни 2018

Талентираниот готвач, писател и раскажувач Ентони Борден се самоуби на 61 годишна возраст, а неговото тело било пронајдено изутринава, пишува Си-Ен-Ен.

„Со неверојатна тага мора да потврдиме дека нашиот пријател и колега Ентони Борден почина на 61 годишна возраст. Неговата љубов кон авантурите, пријателите, храната и пијалоците, го направија исклучителен човек и раскажувач. Неговите таленти никогаш не престанаа да не воодушевуваат и ќе ни недостасува неверојатно многу. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејство во ова тешко време“, изјавија неговите колеги од Си-Ен-Ен.

Тој бил пронајден мртов утрово во апартманот во Франција каде снимале епизоди за актуелната сезона на неговиот серијал „Parts Unknown“.

Борден беше еден од најпознатите готвачи во светот, а и одличен во неговите емисии во кои ги прикажуваше убавините на светот.

Неговото самоубиство доаѓа само неколку денови откако познатата американска Кејт Спејд се самоуби во нејзиниот апартман во Њујорк.

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.863 пати