На Кејт Мос не и оди од рака продажбата на колекцијата за Топшоп

11 август 2014

Сопственикот на британскиот малопродажен синџир Топшоп, Филип Грин ги негира гласините кои кружат во медиумите дека колекцијата во соработка со топ моделот Кејт Мос  е неуспешна. Откако парчињата од колекцијата се ставени на распродажба, Филип Грин им соопшти на медиумите дека снижувањето на цените кон крајот на сезоната е вообичена и нормална процедура од продажбата.

-Колекцијата во соработка со Кејт Мос се покажа доста успешна, но чекавме при крај на сезоната да ставиме на распродажба се што остана по мошне ниски цени. И тоа е се'. Нема скриени мотиви ниту пораки. Се што не се продава по нормални цени на крај на сезоната оди на распродажба, без оглед  дали на парчињата стои името на Кејт Мос или не, изјавува Филип Грин.

Дали се вистинити шпекулациите или не, пресудете сами, но во едно сме сигурни- постоеше време кога колекција на Кејт Мос  за Топшоп не успеа да стигне ни до сезонската распродажба, туку беше рапидно распродадена уште првата недела од лансирањето.

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Актуел