На Србите не им се допаѓа венчаницата на принцезата Даница

13 октомври 2017

Србија минатата недела беше во центарот на вниманието, не само поради присуството на турскиот претседател Ердоган во главниот град, туку поради кралската венчавка на принцот Филип Караѓорѓевиќ  и неговата избраничка Даница Маринковиќ.

Венчавката се одржа во Соборниот храм во Белград, после дури 95 години, што е доволна причина за возбудата на Србите.

Инаку, 30-годишната Даница е графички дизајнер, па многумина претпоставуваа дека ќе сака едноставна, минималистичка венчаница.

Таа за српските медиуми откри дека својата доверба ѝ ја дала на светски познатата дизајнерка со српско потекло, Роксанда Илинчиќ.

„Посебниот стил на креациите на Роксанда за мене беше пресуден момент во изборот на венчаницата, чиј дизајн го препуштив на нејзината визија. Елегантна и модерна, со елементи од традицијата, се прави спој на минатото и сегашноста, венчаницата ќе остане запаметена како големо уметничко дело“, изјави Даница пред венчавката.

До нејзината изјава дојде и „Вог“, каде таа откри уште неколку детали, како тоа дека дизајнерката ќе користи два типа на свила.

Очекувањата беа големи, но крајниот резултат разочара многумина. Иако во српските медиуми ќе наидете само на пофални зборови, реакциите низ социјалните мрежи се дека Даница можела да изгледа многу подобро.

Со широко здолниште, голема панделка во предниот дел, како и горен дел со V-израз и „пуфнасти“ ракави се премногу за српската принцеза, која има тенка и витка става.

 

 

we were very honoured and happy to share this precious moment with you all

A post shared by Dana MAAR (@danamaar) onOct 11, 2017 at 2:10am PDT

Многумина сметаат дека таа пропаѓа во венчаницата, дека не ласка на нејзината фигура, како и тоа дека V-изразот тотално е промашен, а ракавите непотребни. Други сметаат дека фустанот е преобичен и недефиниран.

Дури и Вог не даде некаков посебен опис на венчаницата, што за Србите е знак дека невестинското издание на Даница можело да биде многу подобро.

Инаку, сведоци на венчавката беа братот на Филип, Петар и принцезата на Шведска, Викторија.

Што мислите вие?

Објавено:
13 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.807 пати