Награда за Водјанова !

23 ноември 2017

Од 29 ноември до 2 декември 2017 година Business of Fashion ќе ја оддржи својата годишна конференција „Voices“, каде се собираат лидери од областа на модната индустрија од различни земји. Оваа година конференциајта ќе биде во Сохо Фарм Оксфодшир, Јужна Англија.

За време на оваа конференција, награда ќе ѝ биде доделена на рускиот супер модел Наталија Водјанова. Наградата се доделува за огромни постигнувања во модната индустрија и со тоа се посочува на општествена одговорност и се поттикнуваат и останатите за да се грижат за деца со посебни потреби, како и создавање 500 паркинг места за луѓе со инвалидитет, но и детски игралишта. Водијанова ќе биде еден и од говорниците на конференцијата. Неа ќе ѝ се приклучи и Карли Клос, која е докажан борец за деца со посебни потреби.

 

Објавено:
23 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
160 пати
Извор: 
bussines of fashion