Најдобрата насловна на Вог последниве неколку години

9 ноември 2017

Новиот уредник на „Вог“, Едвард Енинфул е контроверзен лик во модната индустрија, затоа што никогаш не премолчува. Секогаш е гласен и директен кога станува збор за нештата за кои се бори и кои му пречат. За дискриминацијата во однос на афроамериканските модели тој ја критикуваше модната индустрија гласно и строго, поради нивната отсутност и неангажирање. Кога го поставија за уредник на „Вог“ сите се воодушевија. Претходно, Александра Шулман беше 25 години уредник на британскиот „Вог“, и велат дека завршила добра работа,но последниве години ова четиво стана здодевно со фотисесија каде скокаа навидум весели манекенки во шарени фустанчиња.

Оваа преобразба беше нужна со оглед на податокот дека почнаа да ги повлекуваат од печатење спиисанијата кои до пред извесен период беа влијателни. Дигиталниот пазар ги сруши печатените медиуми. Новата насловна, за само неколку часа откако ја објавија на Инстаграм, е во моментов најпопуларна фотографија .

Ако случајно не знаете дека се работи за ново издание на „Вог“ ќе помислите дека е некој број од 60-тите години од минатиот век. На насловната е Едвоа Ебоа која му позира на Стивен Мејзел, верниот фотограф кој направи чуда во модната фотографија заедно со уредничката на италијанскиот „Вог“, Франка Созани која почина лани.

Пред една недела ги објавија највлиателните фотографии во модниот свет, погодувате Франка и Стивен беа „виновни“ за тоа, а ние пишувавме, што можете да прочитате ТУКА.

На самата насловна нема повеќе наслови и трендови, наведени се само соработниците кои помогнале во ова ново издание како Кејт Мос, Наоми Кембел, Кристофер Бејли, вистинско британско влијание. Велат дека испразнетото место на Франкa во модното уредништо со потполна одговорност и креативност ќе го пополни токму Едвард - умен уредник на модно списание кој има влијание и тоа на глобално ниво, и кого не го интересираат само “модни парчиња“ туку тоа да пренесе важна порака и критика на модерното општество.

Објавено:
9 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
308 пати
Извор: 
Vogue.com