Најдобрите дизајнери на гости кај британската премиерка

17 септември 2016

Британската премиерка Тереза Меј и првата дама на Британскиот моден совет, Натали Масенет, ги примија најдобрите британски дизајнери во пресрет на модната недела во Лондон.

Премиерката ја нагласи важноста на Велика Британија во светската модна индустрија која на земјата и носи околу 28 милијарди долари годишно и вработува повеќе од 900 илјади лица, додека модната недела во престолнината ja посочи како интернационален настан кој секоја година го посетуваат огромен број на луѓе од 58 земји ширум светот.

Во нејзината резиденција таа им оддаде признание на британските дизајнери меѓу кои и Шарлот Олимпија, Кристофер Бејли, Питер Пилото, Николас Кирквуд, Мери Катранзу и Софија Вебстер, како и на добитниците на стипендија од советот и студентите на факултетот Royal College of Art и Central St.Martins.

Британската премиерка истакна и дека големите брендови како Барбери и Александар Меквин се исклучително важни во овој момент кога нивниот придонес на британската економија ѝ овозможува уште поуспешно спроведување на „Брегзит“.

Објавено:
17 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
241 пати