Најискреното интервју на Бијонсе за септемврискиот Вог

6 август 2018

Како што беше од исклучителна важност што Ријана се појави на насловната на најголемото и најзначајно септемвриско издание на Вог, подеднакво важно е што Бијонсе се појавува на втората објавена насловна на престижниот магазин.

Важно е затоа што за прв пат, на ѕвездата која магазинот ја интервјуира и ја фотографира и е дадена целосна уредувачка слобода во однос на објавеното интервју и едиторијалот кој го сликал нејзин пријател и омилен фотограф, 23 годишниот Тајлер Мичел.

Интервјуто и насловната се појавуваат во време кога Твитер корисниците ја обвинија дека залудно што посочува дека е феминистка, кога во нејзината фабрика во Шри Ланка работничките добиваат околу 64 центи на час.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите и дел од интервјуто на една од најголемите музички икони, Бијонсе.

За бременоста...

По раѓањето на моето прво дете, верував во работите што општеството имаше да ги каже за моето тело. Чувствував притисок дека треба да ги изгубам сите килограми, а кога сега гледам наназад, тоа беше лудо. Тогаш сè уште ја доев, а истовремено бев на турнеја. Со близнаците, сите работи беа поинакви. И јас и тие бевме во лоша здравствена состојба, а морав итно да се породам со царски рез. Мојот сопруг беше мојата сила тогаш. Едвај преживеав и ги разбирам сите родители што поминуваат низ такво нешто. Не знам дали сите разбираат каква операција е царскиот рез. Ми требаше време да заздравам, да се грижам за себе...Прифатив какво беше моето тело, го саав такво со облини. Важно е жените да ја видат убавината во нивните природни тела...Затоа не сакав никакви перики, екстензии и користевме многу малку шминка во едиторијалот. И денеска сè уште имам полни раце, гради, рамена, стомак... Но, не се брзам да се ослободам од нив...

За насловната...

Многу ми беше важно да работам со Тајлер Мичел, кој е брилијантен. Кога почнав да работам, пред 21 година, сите ми велеа дека тешко ќе стигнам до насловни, бидејќи „црните луѓе не продавале“. Тоа се докажа како мит. Не само што има Афроамериканка на насловна на Вог, туку и фотографот е Афроамериканец. Сакам да им ги отворам вратите на младите артисти, да презентирам поинаков начин на гледање на работите на сите оние кои мислат дека нивниот глас не е вреден.

Моето патување...

Ништо не е црно – бело. Бев до пеколот и назад и благодарна сум за секоја лузна. Преживеав неверства и срцето ми беше скршено на многу начини. Имав разочарувања и со бизнис партнерите и ме направија кршлива. Ја гледам жената што бев во моите 20 – ти и гледам млада жена која стекна самодоверба... Денеска се чувствувам многу поубаво, многу посекси, многу поинтересна. И многу помоќна...


Мајка ми ме научи дека не треба да бидам видена, туку да научам сама да се гледам. Како мајка на две девојчиња, важно ми е да ги научам и нив на тоа. Сакам да се видат во некоја книга, на писта, на филм... Да се гледаат себеси како претседателки, како шефици и сакам да знаат дека сами ќе си го пишуваат сценариото на нивниот живот. Го сакам истото и за мојот син. Знам дека ќе биде силен и храбар, но истовремено чувствителен и добар. Сакам да има висока емоционална интелигенција, да се грижи, да биде искрен... Тоа е сè што една жена сака во маж, а сепак не ги учиме нашите синови на тоа.

Сега сум благодарна. Се прифаќам себеси. Сакам да учам повеќе, да го живеам животот целосно. Работев долго време и сега можам да одберам што сакам да ме окружува и тоа да ме прави среќна.

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
749 пати