„Најк“ ја прекина соработката со Марија Шарапова

10 март 2016

Откако руската тенисерка Марија Шарапова на прес конференцијата одржана на 7-ми март призна дека не поминала на антидопинг тестот за време на Отвореното првенство во Австралија, компанијата „Најк" ја прекина долгогодишната соработка со неа.

Според анализата што и била направена, се покажало дека Шарапова од 2006 година ја земала супстанцата „мелдониум" поради здравствени причини.

Таа откри дека во изминатите десет години го користела лекот „милдронат" што и го препишал нејзиниот семеен лекар, но дури по применото писмо од Меѓународната тениска федерација за резултатот на тестот, прв пат дознала оти препаратот е познат и по името „мелдониум", што се наоѓа на листата на забранети супстанци.

По ова, гигантската компанија „Најк"го откажа договорот со тенисерката со која имаа заедничка соработка уште од нејзината 11-та година.

„Разочарани и изненадени сме од оваа информација од Шарапова. Ја прекинавме нашата заедничка соработка додека истражувањето е во тек. Ќе продолжиме да го следиме случајот", велат од компанијата.

Договорот со Шарапова го суспенизраше и швајцарската компанија за часовници „Таг Хојер", а во меѓувреме ја суспендираше и Меѓународната тениска федерација, па сега ја очекува натамошната разврска за нејзниниот случај.

Објавено:
10 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.140 пати