„Најк“ постави кукли со различни големини и предизвика лавина различни коментари

12 јуни 2019

Спортскиот бренд „Најк“ во една од своите продавници во Лондон одлучи да направи нешто што досега ниту еден бренд не го направил - постави кукли со различни големини.

Покрај стандардните, на кои веќе сме навикнале, моделите на „Најк“ можат да се видат и на плус сајз кукли, како и на кукли кои асоцираат на параолимписки спортисти. 

„Ја лансиравме Најк Плус Сајз колекцијата уште во 2017 година - колекција која беше создадена за да овозможи секој да може да се чувствува комотно и фит, без разлика на големината. Со цел да покажеме инклузивност и да ги инспирираме женските купувачи, лансиравме и Најк плус сајз кукли кои ги поставивме во селектирани продавници во Северна Америка пред две години, а сега истите ќе бидат дел и од „Најк Таун Лондон“. Ќе продолжиме да го слушаме гласот на оние што сакаат да спортуваат, знаејќи дека жените сакаат да видат различност и инклузивност во производите, а со цел да служат на нивните потреби додека спортуваат“, велат од „Најк“.

И додека ваквиот чекор предизвика лавина позитивни коментари, сметајќи го ваквиот чекор за многу значаен, постоеја оние и што не сметаат така.

Имено, британскиот „Телеграф“ објави Твит на Тања Голд, британска новинарка, која смета дека ваквиот чекор на брендот е циничен.

„Новата кукла е дебела, таа не се подготвува за трчање во својот совршен „Најк“. Таа не може да трча.Таа веројатно е во пред-дијабетска состојба и на пат да ѝ се смени колкот. Колку ужасен цинизам е ова од страна на „Најк“?“, вели новинарката во објавата, а со споделен текст од „Телеграф“ со наслов дека „Дебелите кукли им продаваат на жените голема лага!“.

Една од првите реплики е од жена која вели: „Вежбам шест пати неделно. Дебела сум. Додека вежбам, носам облека за вежбање. Замолчи“, а после неа следат и други коментари кои овој чекор на „Најк“ го гледаат како позитивен.

 

 

Што мислите вие?

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.669 пати