Најкреативните пролетни модни соработки

7 март 2014

Ако соработките кои ги реализираат брендовите и модните куќи меѓу себе се некаква индикација, тогаш прелетните денови ќе ни бидат обоени со многу смеа, разиграни принтови, виножитни бои, тренди изгледи и модерни кроеви. Еве кои се најинтересните и најинвентивните модни соработки за оваа пролет:

Liberty x Acne Studios

Креативниот директор на Acne Studios, Џони Јохансон, истражуваше низ модните архиви на Liberty, за на крајот да направи спој помеѓу кожените комбинезон панталони, ставајќи акцент на кралско сините нијанси со цветен дезен.

Proenza Schouler x Le Bon Marché

Во чест на изложбата на колекциите со потписот на Le Bon Marché, , Proenza Schouler, лансираше колекција во лимитирана едиција на дел од „постарите“ модели кои ги има дизајнирано оваа етикета.

Ela Handbags x Club Monaco

Дали има нешто по шик од црно-бела клач чанта? Според дизајнерката Ела, не постои такво нешто, па затоа таа направи чанта во црно-бела варијанта со апликација на ѕвездички, која е достапна исклучиво во продажните салони на Club Monaco.

TOMS x Jonathan Adler

Двата бренда имаа заедничка цел да создадат сончеви обувки. Затоа одликата падна на ниските еспадрили кои ќе бидат украсени со интересни принтови, а притоа ќе бидат функционални и лесни за носење.

Rupert Sanderson x Antonio Berardi

Секси металик штрафти во комбинација со слатки пастелни акценти се „плодот“ од соработката помеѓу Rupert Sanderson x Antonio Berardi, а се наменети жешките ноќи исполнети со врели танци.

Me&Ro x Goop

Модните „умови“ на Me&Ro x Goop решија да промовираат своја колекција накит. Ова е десеттото парче кое е дизајнирано, а Гвинет Палтроу е прва на листата купувачи.

Keds x Kate Spade New York

Шарени, лесни, со доза на спортски стил и во воздушеста форма се новите пролетни патики на Keds x Kate Spade New York, кои што вашиот чекор ќе го направат модерен.

DKNY & Opening Ceremony

DKNY & Opening Ceremony, се обединија повторно за да ги редизајнираат DKNY моделите од 90-тите. Резултатот е тексас јакна со ракави од блејзер. Инвентивно и шик.

Stance x Santi

Santigold  претстави графички чорапи, исцртани со интересни скици од страна на уметничкиот артист Том Леснер.

Crippen x Goop

„Секогаш е големо задоволство да се соработува со некој кој има одлично чувство за стил и воопшто за мода. Можноста да соработувам со целиот Goop тим за мене е голема чест и огромно искуство“, изјави Сузи Крипен за неверојатната спојка со етикетата Goop.

Band of Outsiders x Rancourt

Мокасините кои се произлегоа од соработката на Band of Outsiders и Rancourt, се едни од најпосакуваните и најкул модели веќе неколку години наназад.

The Tie Bar x Nordstrom

Чудна соработка која создаде ни помалку, ни повеќе туку пеперутка вратоврски, кои што идеално ќе се вклопат со вашето пролетно одело.

The Converse Jack Purcell Collection

Понесете ја насмевката со вас и имајте среќен ден. Среќата е важен дел од животот на секој човек, а овие две етикети сакаат едноставно да ја имате во изобилие.

Aldo Fights AIDS

Алките изгледаат тренди, но имаат и добра кауза зошто да бидат купени. Сите финансиски средства ќе бидат донирани за лицата кои се борат против ХИВ / СИДА.

Nancy Gonzalez + NeimanMarcus.com

Ова е чанта која не само што ќе ве плени со најмодерната боја за ова лето, туку и со начинот на изработка, материјалите и изгледот. Одлично сработена работа на Nancy Gonzalez и NeimanMarcus.com.

Anna Sheffield x Julia Chiang

Велат дека љубовта ако се изгравира на злато ќе трае вечно. Anna Sheffield x Julia Chiang го имаат вистинското решение за вас.

The Beatles Yellow Submarine by Vans

Се чини дека The Beatles Yellow Submarine by Vans и TOMS x Jonathan Adler имаат исти модни насоки. Повторувањето на моделите и дизајнот е само потврда дека еспадрилите ќе бидат вистински моден тренд за претстојната сезона, а вие треба да одберете кои ви се допаѓаат повеќе.

 

 

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Актуел