За познатите, од исклучителна важност е да бидат во тек со трендовите, но и да бидат оние кои ги поставуваат истите. Без разлика дали станува збор за нова фризура, вежби, мода или што уште не, тие први објавуваат фотографии на социјалните мрежи.

Бијонсе/Инстаграм

На пример, ако Бијонсе направи омбре фризура, за многу кратко време ќе видите илјадници девојки кои ја копираат.

Последен кај Инстаграм трендовите е оној со објавувањето на фотографија од малите раце и нозе на нивните најмили во различни варијанти.

Тејлор Свифт со бебето на нејзината пријателка Џејми Кинг

Без разлика дали станува збор за новороденче, откривање на полот на бебето или едноставно фотографија од нивните деца, познатите се опседнати со овој нов тренд.

Ова е всушност супер начин да објавите фотографија од вашето дете, а на истата тоа да не се гледа од безбедносни причини.

Блејк Лајвли

Меѓу познатите девојки кои го следат овој тренд се нормално Бијонсе и Ким Кардашијан, а денеска ви пренесуваме неколку од нивните објави, за супер инспирација.

Објавено:
24 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
982 пати