Најпознатиот „plus size“ модел и активист лансира своја линија

2 октомври 2015

Откако Тес Холидеј се појави на социјалните мрежи, некои стереотипи останаа во историјата на модната индустрија. Благодарение на нејзиниот активизам за инклузија во модата на оние луѓе кои на било каков начин се поразлични од стандардите, таа доби голем број следбеници на Инстаграм од каде и започна нејзината кариера на „plus size" модел.

По големиот успех како модел и активист, следен логичен чекор е и нејзина „plus size" линија облека за која најави дека ќе биде лансирана следната година.

Со овој потег таа дополнително го промовира нејзиниот позитивен поглед на сопственото тело, независно од тоа што општеството мисли за неа, така мотивирајќи ги и другите крупни девојки. Конфекциските броеви застапени во колекцијата ќе се движат во прилично поголем распон, а во однос на естетиката може само да насетуваме со оглед на тоа дека Тес се уште нема објавено каков ќе биде стилскиот правец на нејзината прва колекција.

Објавено:
2 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.734 пати