Најпродаваниот фустан од Амазон чини 17 евра

27 јули 2017

Фустанот од полиестер и набори во долниот дел е најпродавано парче облека на сајтот на Амазон. Неговата цена изнесува 17 евра, а достапен е во бела, жолта, розова, бордо, темносина и црна боја.

Но, она што е уште поинтересно е што водителките во САД буквално полудеа по него.  Дури 40 тв-лица на американските телевизии се видени во овој модел, па веројатно тие и придонеле ова да биде најпродавано парче.

Прва го „откри“ водтелката Френсес Ванг на „Еј-би-си“ мрежата во почетокот на месецов. Таа се одлучи за розов фустан, го постираше на Инстаграм со текст: „Знаевте ли дека многу водителки фустаните ги купуваат од Амазон? Во овој се чувствувам како принцеза, а чини помалку од 20 евра.

Инаку, најпродавани се жолтата и розова верзија, а достапен е од S до XXL.

На сметка на ваквиот тренд, направена е и мапа со сите водителки видени во овој модел, што сигурни сме ќе ве насмее.

 

Инаку, ова не е прв ваков случај. Во 2015 година, американските водителки на временската прогноза носеа исто така фустан од Амазон по цена од 20 евра. Разликата е што водителките овој пат се договориле дека таа недела ќе го носат истиот фустан, достапен во неколку бои. 

 

Објавено:
27 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
611 пати