Најскапите брендови за годинава се...

12 мај 2016

Магазинот „Форбс" ја објави листата на најскапите брендови за оваа година, а нивното позиционирање воопшто не е изненадување.

Со 124.2 милијарди долари, „Apple" е најскапиот бренд во светот и оваа челна позиција не е променета во последните шест години. Веднаш по него е „Microsoft" со 63 милијарди долари, а на третото место во оваа престижна листа е „Google" со 56.6 милијарди долари.

Разгледани се добивките на компаниите во последните три години, соодносот цена-добивка за тој период, како и други фактори. Во првите 100 влегуваат брендови од 15 земји и 20 индустрии. Повеќето од половина марки се од САД, а по нив следува Германија со 9, Франција со 7 и Јапонија со 5.

Комплетната листа може да ја видите на следниот линк.

Објавено:
12 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
618 пати