Највлијателните жени за 2017 според Гламур

2 ноември 2017

Веќе 27 години етаблираниот магазин Гламур им оддава чест на храбрите жени кои бескомпромисно придонесуваат светот да се менува кон подобро.

Годинава манифестацијата „Glamour Women of The Year" имаше особен предизвик, затоа што како што истакна и самото уредништво на магазинот, 2017 е година која ќе биде запаметена и во контекст на сексистичките испади како и сексуалните скандали во Холивуд, за кои допрва почнува да се зборува.

Во таа смисла, прогласени се годинешните добитнички на престижните признанија, со особено задоволство.

Во категоријата „Icon", победи актерката Никол Кидман поради нејзините сјајни актерски остварувања, но и поради нејзиното учество во подигањето на свеста за насилството врз жените.

Соланж Ноулс победи во категоријата „Artist", додека признанието во категоријата „Supernova" и припадна на супермоделот Џиџи Хадид.

Во однос на модната индустрија, се истакна името на актуелната креативна директорка на Диор, Марија Грација Кјури, која ја доби наградата „Fashion Force".

Комплетната листа на годинешните наградени може да ја погледнете на овој линк.

 

Објавено:
2 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
485 пати