Највпечатливите стилски изданија од улиците на Њујорк

10 февруари 2018

Деновиве Њујорк е епицентарот на модните случувања, со оглед на тоа дека во тек е Њујоршката модна недела посветена на колекциите за жени за сезоната есен-зима 2018/19.

Може да претпоставите колку е возбудлива актуелната улична мода во градот, имајќи го во предвид фактот дека сега негови гости се највлијателните личности во модните кругови.

Преовладуваат предимензионираните парчиња облека комбинирани во слоевите аутфити, во микс на колоритни и забавни принтови и дезени.

Се носат ремени со кои се нагласува струкот, но и корсети кои исто така се ставени во фокусот, како и мини чантите со кратки рачки.

Низ фотографиите погледнете во каков ритам се улиците на Њујорк деновиве.

Фото извор: Syle du monde

 

Објавено:
10 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
845 пати