Најзгодниот професор по математика стана заштитно лице на Армани

24 март 2016

По згодниот доктор кој буквално го преплави Инстаграм, имаме чест да се запознаеме и со најзгодниот професор по математика, а може да погодите дека тој е Италијанец!

Пјетро Босели светот го запозна откако неговите студенти објавија неколку фотографии на социјалните мрежи по што со брзина на светлината тој доби безброј следбеници на Инстаграм.

Последниот успех на згодниот математичар е договорот за заштитно лице на модната куќа Армани за која сними кампања за нивната спортска линија EA7.

Тој и досега имал искуство со модни едиторијали и тоа токму со Армани, за кого снимил кампања кога имал само шест години.

Како што ќе каже тој, иако имал огромна желба да продолжи да се занимава со мода, тоа не го сторил бидејќи му било срам дека неговите колеги ќе го исмејуваат.

Пјетро открива дека за да го одржи неговото згодно тело мора да вежба два пати на ден и особено да внимава на исхраната, особено сега кога потпишал договор со брендот.

„Луѓето мислат дека сум многу згоден и не ме сфаќаат сериозно, а токму тоа е она што не сакам да се случи. Затоа никогаш нема да дозволам славата да ми удри во глава“, изјавил згодниот Пјетро.

Тој досега има повеќе од 800.000 следбеници на Инстаграм, а многумина го споредуваат со Дејвид Бекам благодарение на неговиот одличен физички изглед.

За себе ќе каже дека бил вистинска „бубалица“ за време на студиите и дека токму образованието било негов најголем приоритет и поради тоа има одбиено безброј понуди од модни куќи.

Иако неговите студентки мислеле дека тој не ги забележувал, Пјетро ќе каже дека знаел што ќе се случи откако неколку пати ги „фатил“ како го фотографираат додека им предавал.

Тие го пријавиле и на натпревар за најзгоден професор во училиштето, на кој нормално победил, по што стигнале и понудите од Армани.

Како ви се допаѓа овој професор по математика?

Објавено:
24 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.118 пати