Накитот на „Еми Норис“ дел од Пекиншката недела на дизајн

10 декември 2015

Дизајнерката на накит Емилија Дамјановиќ, која твори под етикетата „Еми Норис“ оваа година по вторпат ќе учествува на Интернационалното Биенале за накит во Пекинг, Кина што се одржува од 16. до 30. декември 2015 година.

Изложбата е во рамки на настаните  во организација на Пекиншкиот Институт за Модна технологија.

Од страна на организаторот и жири комисијата која изврши избор на учесници на настанот, селектирани се две дела од дизајнерката.Тоа се два масивни ѓердани: eден од колекцијата „F key“ , а другата специјално изработена за настанот.

Матерјалите од кои се изработени парчињата се комбинирани и вклучуваат плексиглас,огледален алкубонд, врвки за обувки, текстил, метал. Накитот е костимски.

Изложбата е од интернационален карактер, со учество на над 300 дизајнери од околу 50 земји од целиот свет.

Емилија Дамјановиќ на Моден викенд Скопје

Самиот настан е концeпиран да прикаже како взаемно се разменуваат различни култури, интегрираат па дури и судруваат, и на тој начин промовираат развој на творечка разновидност во дизајнот на накит, а воедно обезбедуваат платформа за интеракција на различни уметнички дизајнерски концепти.

дел од изложбата во 2013 година

Ова е второ претставување на дизајнерката на овој престижен настан. Првпат изложуваше на истиот во 2013 година.

Објавено:
10 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
538 пати