Наоми Кемпбел изгледа подобро од кога и да е на 46 години!

27 март 2017

Таа е дел од модниот бизнис веќе 30 години, но се чини дека Наоми Кемпбел одбива да старее и изгледа подеднакво добро и денеска на 46!

Неодамна таа беше дел од фантастична фотосесија за магазинот Sorbet во која им оддаде чест на големите музички легенди како Пати Смит и Стивен Тајлер.

Наоми ја фотографираше нејзиниот пријател Нико Бустос со кого досега соработувала во многу наврати.

Прв пат, тој ја има фотографирано пред точно 13 години за насловната на шпанското издание на Вог, а оттогаш имаат направено фантастични едиторијали и бројни други проекти.

„Бев фасциниран од нејзината убавина и шарм“, раскажува Нико за првиот пат кога требало да ја фотографира Наоми.

По повеќе од цела деценија, тој додава дека таа воопшто не е променета и дека изгледа подеднакво добро како и пред десетина години.

„Она за што најмногу ѝ се восхитувам е тоа што таа е навистина добра и паметна личност. Тоа, помешано со нејзината неприкосновена убавина е нешто неверојатно“, додава фотографот.

Овој пат, неговата посебна врска со прекрасната манекенка е овековечена токму во магазинот Sorbet во изданието посветено на посебни и динамични двојки.

Она што можете да го забележите на фотографиите е дека оваа прекрасна жена навистина изгледа подеднакво добро како и пред многу години.

Таа ќе каже дека и нема некои посебни тајни кога е убавината во прашање и дека едноставно сака да јаде здраво, да се храни убаво, да го балансира сето она што ќе го внесе во телото.

Посочува дека не јаде шеќер и пие многу вода, на што го препишува младешкиот изглед. Сосема нормално, секојдневно вежба јога и пилатес без што ќе каже дека не може да си го замисли денот. 

Но, дефинитивно и гените се заслужни кога е во прашање изгледот на Наоми, а судејќи според нејзината мајка, таа ќе изгледа вака уште многу години! 

Објавено:
27 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.028 пати