Нашата Елена Реи во кампања на Nino Cerutti 1881

9 јули 2018

Македонскиот топ модел со интернационална кариера, Елена Реи, е актуелна како заштитно лице на новата кампања на брендот Nino Cerutti 1881.

Пред неколку месеци во Париз, Елена работеше на кампањата која сега е акуелна во светски рамки, а нејзиниот лик ќе го забележите на рекламните билборди во сите ексклузивни продавници на престижниот бренд.

Само да подсетиме Нино Черути го започнува својот занает во 1967 година со отворање на својата прва продавница, но бизнисот го наследува од неговиот дедо кој го започнал во Биела - Италија токму таа 1881 година.

„И покрај сите добиени награди ,на кои секако му честитаме на овој италијански дизајнер, за нас соработката со нашата Елена ни е секако најдрагата награда вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.

Инаку Реи активно работи веќе 7 години на светската модна сцена, а како најголеми успеси по кои ќе остане запаметена се: ексклузивно лице за Calvin Klein, фантастичниот едиторијал за Harper's Bazaar, големите кампањи за Burberry, Massimo Dutti, Galleries Lafayette, Sephora, како и ревиите за Armani, Karen Walker, Ralph Laurent и многу други.

Објавено:
9 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
474 пати