Нашиот топ модел Елена Реи прво лице на ревијата на Армани

10 јуни 2016

Македонскиот топ модел со светска кариера Елена Реи, завчера се појави како прво лице на ревијата на луксузниот бренд Армани во Париз, каде фокусот беше ставен на промоција на новата козметичка линија.
Се работи за ревија од затворен тип, ексклузивно наменета само за бизнис елитата, а се одржа во прекрасната палата „Гранд Палас".

Како што посочуваат од нејзината матична агенција Моделс Ин, овој нов професионален ангажман за Елена е многу значаен исчекор напред во нејзината кариера.

Инаку Елена до сега имала бројни соработки со големи имиња во модниот бизнис, како и појавувања на насловни страни и во едиторијали на престижни светски модни магазини.

Помеѓу нив ги издвојуваме едиторијалите за Масимо Дути, фотосесиите за кампањите на Барбери, ексклузивната соработка со Келвин Клајн поради која Вог ја позиционираше помеѓу најактуелните IT девојки за 2015 година...

Објавено:
10 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.836 пати