Нашите омилени модели со принт во пруги од летната линија на Елена Лука

30 мај 2019

Летото го уживаме со сите негови карактеристики: колоритот и принтовите се сеприсутни, лежерната естетика е во прилог на удобноста, но истовремено мотивирани сме да експериментираме со стилот.

Во подготовки сме за претстојната летна сезона, па веќе ги селектиравме нашите омилени парчиња што ќе му дадат дизајнерски и шик белег на ова лето.

Сакаме секогаш да бидеме впечатливи, а сепак тоа што го носиме да зборува за нашата индивидуалност, затоа меѓу фаворитите одбравме супер стилски парчиња од летната линија на Елена Лука, за кои веднаш ќе забележите дека заеднички печат е принтот во црно-бели пруги.

Уникатните модели може да ги нарачате и онлајн, на интернтет продавницата на Елена Лука, со што добивате и 10% попуст, а достапни се и во ателјеата на моднот бренд.

За почеток ги издвојуваме овие три префинети модели што ќе му дадат перфектно, стилско освежување на имиџот на секоја дама.

Уникатен комплет кај кој акцентот е на горниот дел изработен во пеплум крој, што ѝ дава несекојдневен и исклучително впечатлив доем на стилската целина.

Лелеав, женствен фустан во асиметричен крој изработен од пријатен, транспарентен материјал. Одлична солуција доколку сакате да постигнете идеален изглед за некоја од претстојните летни забави.

Карнерите и ова лето се меѓу тенденциите, па Елена Лука ги интерпретираше на својствен начин. Ќе се согласите дека оваа комбинација изгледа сензуално и е совршен избор за некоја посебна пригода што е на вашата агенда ова лето.

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
768 пати