Наскоро ќе гледаме документарец за Андреја Пејиќ

14 ноември 2016

Моделот Андреј(а) Пејиќ уште со појавувањето во модната индустрија привлече внимание со својот андроген изглед. Со објавувањето на веста дека ќе го смени полот, од машки во женски, тоа внимание стана уште поголемо, за потоа некако да згасне сè.

За ова време на медумска тишина, Андреја работеше на кампањи и едиторијали, а главно работеше на документарниот филм, во кој ќе биде претставен целиот процес на транзиција на моделот.

Премиерата се очекува да биде кон крајот на следната година. После две годни следење и документирање, се наѕира крајот на процесот.

Моделот не ја крие возбудата за конечните резултати.

-Се работи за навистина важен дел од мојот живот, кој е документиран и камерите снимаа некои од најинтимните и најличните делови од мојата полова транзиција, за кои не можев ниту да замислам дека ќе ги споделам со светот. Но, чувствувам одговорност, затоа што ова ќе го гледаат и млади луѓе. Мора да им дадете нешто за да им помогнете без да сеете предрасуди – вели моделот за „Вог“.

Инаку, снимањето е пред крај, а веќе има 150 часа снимен материјал.

-Тоа ми дава можност не само да креирам нешто убаво, туку и нешто што ќе влијае врз луѓето во светот, што на некој начин ќе открие некоја и нечија вистина, ќе размрда – смета Андреја, која додава дека има философски став во резултатите што допрва ќе ги гледаме.

Објавено:
14 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
261 пати