Наскоро ќе ја читаме книгата на Донатела Версаче

29 март 2016

„Версаче“ е насловот на книгата на Донатела Версаче која треба да се појави на 20-ти септември.

Дизајнерката покрај креирањето на новите колекции, успеа да ја заврши и приказната за брендот и семејството. Низ страниците, сестрата на легендарниот Џани Версаче, зборува за богатата историја на модната куќа, како и за соработките со бројните фотографи и модел

Покрај текст, книгата содржи и голем број фотографии од „зад сцената“ на ревиите, кампањите, фотографии со Наоми Кембел, Линда Еванџелиста и многу други модели што за појавувањето на црвениот килим ја избраа токму модната куќа „Версаче“.

За оформувањето на крајната приказна, Донатела имала помош од Тим Бланкс и Стефано В.Танак.

За сите модни вљубеници и обожаватели на Џани, Донатела и брендот „Версаче“, книгата ќе биде достапна и на онлајн продавницата „Амазон“

Објавено:
29 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
244 пати