Сѐ за вашиот најважен ден на Marriott Bridal Night

26 септември 2016

„Моден Викенд Скопје“, во соработка со „Скопје Мериот Хотел“ го организираат првиот „Marriott Bridal Night“, што всушност ќе биде есенското издание на досегашниот Bridal Fashion Night . Организаторите велат дека ова ќе биде единствен и уникатен настан за сите идни невести и двојки што сакаат нивната свадбена свеченост да биде посебна и вистинско исполнување на нивниот сон.

На ова издание ќе бидат презентирани специјално подготвените колекции на венчаници од модните дизајнери Мила Кадриу и Теута Матоши, Sigma накит, свадбени детали и совети за конципирање на идеалната свадбена свеченост.

„Marriott Bridal Night“ е закажан за 12 октомври, со почеток во 20.00 часот во „Скопје Мериот Хотел“, а заинтересираните парови и идни невести, ќе може да се пријават за присуство на електронската адреса weddings.skopje@marriott.com или преку испраќање директна порака на Facebook фан страницата на „Скопје Мериот Хотел“.

Покрај тоа, настанот за идните невести и младоженци е единствена можност да ја погледнат салата за организирање свадби, просторијата за организирање прием и да се запознаат со сите детали што може да ги понуди хотелот. На овој начин сите идни невести и младоженци ќе можат да се уверат во уникатноста на Скопје Мериот, екслузивноста на ентериерот, како и бројните опции што ги нуди хотелот за организирање свадба од соништата.

Објавено:
26 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
237 пати
Извор: 
Fashion Weekend Skopje