Наскоро второ продолжение на „Ѓаволот носи Прада“?

25 декември 2014

Поминаа долги осум години откако сега веќе култниот „Ѓаволот носи Прада“ ги полнеше кино салите ширум светот, а последните информации говорат дека сите обожавателки на истиот би можеле да очекуваат второ продолжение.

Актерките Емили Блант и Ен Хатавеј сосема се согласуваат со тој предлог, па дури посочуваат и дека сакале тоа досега веќе да се случи. Ова е дефинитивно сосема возможно, со оглед на фактот што минатата година беше објавено продолжението на книгата Revenge Wears Prada: The Devil Returns.

Она што останува е уште да се убеди единствената Мерил Стрип да се согласи на предлогот на нејзините млади колешки, а со оглед на тоа што таа неодамна работеше со Емили Блант на одличниот Into the Woods, можеби и станало збор за тоа!

„Јас дефинитивно ќе се согласам на тоа, само и ако останата екипа го сака истото. Не знам зошто досега не го направивме тоа, иако знам дека сите сакаат да се случи тоа продолжение“, изјави актерката Емили Блант.

Она што е особено интересно е тоа што таа не е единствената која силно го посакува продолжувањето, туку за тоа се надева и нејзината колешка Ен Хатавеј.

„Зарем тоа нема да биде забавно? Многу би сакала да се случи тоа продолжение, иако не знам дали воопшто има планови за такво нешто“, изјави шармантната актерка.

Она што на сите обожаватели на филмот им останува да го направат е да ги почекаат реакциите на неповторливата Миранда Присли да се согласи на продолжение!

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Актуел