Натали Портман како Џеки Кенеди

18 декември 2015

Оскаровката Натали Портман ќе ја игра улогата на поранешната прва дама на Америка,
Џеки Кенеди во биографската приказна насловена „Џеки".

На првите објавени фотографии од филмскиот сет, Портман изгледа елегантно во монохроматски црвен костум со дискретен накит од бисери и боб фризура која беше карактеристична за имиџот на дамата која важи и за една од најзначајните светски модни икони.

Филмот кој треба да излезе во 2017 година, е базиран на периодот по смртта на нејзиниот сопруг, Џон Ф. Кенеди.

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
736 пати