Натпревар на Pinterest за идните невести кои ќе носат креации од Каролина Херера

3 септември 2013

 

Модната дизајнерка Каролина Херера сака да ги освои идните невести на Pinterest со нов проект, реализиран во соработка со магазинот Town & Country. Се работи за натпревар во кој ќе победат најдобрите идеи за свадбена церемонија, испратени од директните учеснички. Девојките кои сакаат да учествуваат, своите идеи треба да ги пратат на официјалниот веб сајт, се до 15 септември и на најдобар можен начин да ги откријат своите идеи за декорации, организација и локации кои се најсоодветни за овој посебен ден.

 

 

Херера, заедно со Александра Котур, ќе изберат само една победничка, чие име ќе биде откриено на празникот на вљубените 14 февруари. Среќната избраничка ќе добие покана да појде во атељето на дизајнерката, каде ќе добие бесплатна фотосесија и невестински фустан кој ќе биде сошиен лично за неа. Фотографиите потоа ќе бидат објавени во магазинот Town & Country, заедно со снимки кои ќе бидат направени и за време на свадбената церемонија.

 

Објавено:
3 септември 2013
Категорија: 
Актуел