Не носете бел градник на бела маица

18 јули 2019

... Ова го препорачуваат стручњаци, а пренесува порталот „Times of India“. Иако ви звучи спротивно на сè што досега сме практикувале, тие имаат и објаснување зошто тоа го советуваат.

Имено, според нив, белата долна облека или онаа во беж нијанси повеќе се забележуваат кога носите светли работи, градниците повеќе се „оцртуваат“ и го расипуваат впечатокот.

За да не се случува тоа, нивната препорака е да се носи црвен градник!

Да, знаеме дека сте изненадени и дека веројатно не се согласувате. Објаснувањето лежи всушност во подтоновите на кожата.

Така, доколку вашата кожа има црвени подтонови, црвената многу подобро ќе се вклопи под белата маица, отколку белиот градник.

Ако пак имате светол тен, односно чист тон на кожата, носете син градник, додека црномурестите дами да ги одбираат темноцрвените нијанси.

Пробајте, па кажете ни дали навистина се во право.

Објавено:
18 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
23.104 пати
Извор: 
elle.rs