Иако сите девојки на планетава се чини дека го очекуваа третото продолжение на култниот „Сексот и градот“, нивната миленичка им соопшти лоши вести.
Прекрасната Сара Џесика Паркер при гостувањето во шоуто на Елен ДеЏенерис изјави дека трето продолжение на филмот нема да има, односно барем не наскоро.
„Се обидувам да измислам оригинални одговори за тоа прашање што ми го поставуваат многу често во последно време, но вистината е дека нема сериозни разговори со продукцијата за трето продолжение“, изјави омилената Кери Бредшо.
Пред само неколку месеци Сара изјави дека и самата е свесна дека девојките би требало да ја добијат вистинската „завршница“ на целата приказна, па ние се надеваме дека режисерот и продукцијата наскоро ќе не изненадат со позитивни вести!
Засега, ни остануваат само репризите на и онака изгледаните епизоди и двете продолженија на филмот!