Негативни реакции за „белата“ насловна на L.A Times-The Envelope

27 декември 2017

По скандалот со Харви Вајнстајн и Кевин Спејси, Холивуд оваа година ја заокружува со уште една според многумина, скандалозна насловна страна на публикацијата The Envelope – L.A Times.

Во време кога се погласно се зборува за различности на секое ниво, The Envelope одлучија нивната последна насловна страна за оваа година да биде исклучиво со бели актерки, што веднаш предизвика бран од негативни реакции на јавноста и беше оценето како лош потег.

Имено, се работи за насловнa странa на која позираат едни од најактуелните, но само бели актерки: Маргот Роби, Кејт Винслет, Дајан Кругер, Џесика Честен, Анет Бенинг и Саоирс Ронан, што повторно на големо го отвори прашањето за различностите во Холивуд.

Никој не го оспори нивното значајно достигнување и нивниот талент, но многумина му замерија на уредништвото, но и на самите актерки за пораката што се испраќа преку ваквата насловна.

Афроамериканската коментаторка Ребека Керол, во својот коментар на Твитер, директно ѝ се обрати на актерката Џесика Честен:

-Како јавна личност која се бори за еднаквост и инклузија, како воопшто позиравте за ваква фотографија и не ли ве мачи ова бесрамно исклучување? Како е возможно да не ја разбирате пораката што ја испраќа оваа фотографија?

На овој коментар, реагираше холивудската актерка Честен:

-Тажно е што на оваа фотографија нема жени со различна боја на кожата, заедно да ги промовираме нашите водечки улоги во филмовите за оваа година. Оваа индустрија треба да биде повеќе инклузивна во раскажувањето на своите приказни.

Твитер заедницата, но и воопшто јавноста, гласно коментира за обврската на Холивуд и медиумите, со оглед на нивното влијание, за подигнувањето на јавната свест за различностите и нивната инклузија на секое општествено ниво.

Објавено:
27 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.050 пати