Негирани гласините за пензионирањето на Лагерфелд

20 април 2016

Откако вчера глобално се проширија гласините за пензионирањето на Карл Лагерфелд, што ги објави американскиот таблоид Page Six, денеска експресно беа негирани од лицата за односи со јавност на Шанел.

„Гласините за Карл Лагерфелд според кои ќе се пензионира од функцијата креативен директор на Шанел на која е повеќе од 30 години, се неосновани", се вели во официјалното соопштение на Шанел.

Во текот на вчерашниот ден, медиумите беа преплавени со наслови во кои се поставува прашањето: Дали навистина ќе се пензионира големиот Карл?, откако Page Six во своја објава тврдеше дека информациите ги добиле од извор близок до дизајнерот, според кој тој ќе ја напушти челната позиција во брендот по претставувањето на круз колекцијата во Куба.

Инаку Карл Лагерфелд е креативен директор на Шанел веќе 33 години и за себе вели дека со овој бренд има доживотен договор.

Објавено:
20 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
176 пати