"Нека гори, има кој да гаси" - Прв календар со вистински македонски пожарникари

13 февруари 2019

Во мноштвото настани што се организираат по повод утрешниот ден, 14.февруари, овој е веројатно најоригиналниот на кој што ќе наидете.

Прв македонски календар со вистински пожарникари ќе биде презентиран во „Колектив“ од 20 часот. 

Формирана е и фејсбук покана, а ви ја пренесуваме во продолжение:

„Чест Ни е да ви го најавиме првиот и воопшто единствен календар со вистински "real time" пожарникари/спасители при Бригадата на град Скопје.

Одбравме и ден за нештата да станат пожешки а безбедни за проследување...

Вистинскиот подарок од запаливи материјали за денот на вљубените е тука! :)

Ваше е да пријавите присуство за ние да интервенираме , овојпат огнот го гасиме во добропознатиот локал Колектив на нашиот плоштад Македонија!

"Нека гори , има кој да гаси" !

(автор и фотограф на истиот : Димитар Апостолов ( Zewlean Icarus) - ваш #ognoborec

Доколку утре немате некои строги планови, еве предлог како да се забавувате и да ја поминете вечерта!

Објавено:
13 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.829 пати