Нема крзно низ улиците на Лондон за време на модната недела

15 септември 2017

Модната недела во Лондон започнува денес, а стартот го одбележа соопштението на организаторите, во кои се замолуваат сите посетители да го одбегнат крзното, дури и кога е уличната мода во прашање.

фото извор:harpersbazaar.com

“Свесни сме дека надвор може да се соочиме со протестанти против крзното... и тоа во попладневните часови во петок, сабота и недела за време на модната недела во Лондон. Ние ја менаџираме ситуацијата така што соработуваме со градската полиција, уверувајќи се дека демострантите ќе се однесуваат коректно и ќе имаат лимитирано влијание. За тоаа цел, ги советуваме сите што ќе бидат дел од модното случување, во петок, сабота и недела да избегнуваат да носат крзно, не е важно дали е природно или вештачко“, се вели во соопштението на Британскиот моден совет.

фото извор: gettyimages

Сепак, модните медиуми посочуваат и на иронијата од таквата одлука, имајќи предвид дека во дел од колекциите содржат токму крзно. Впрочем, се сеќавате на кломпите со крзно на Кристофер Кејн од последното издание на овој моден настан? Ако некој толку влијателен бренд или дизајнер го користи, за какво смирување на револт тогаш се зборува и тоа во рамки на уличната мода?

фото извор: elle.com

Во контекст на темата оди и еден сегмент од „Сексот и градот“ посветен токму на крзното, а го гледате во продолжение:

Објавено:
15 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
369 пати
Извор: 
Elle