Нет-а-Портер намерно во долгови?!

15 јули 2014

MosaMuse net-a-porter

Британскиот моден ланец за интернет купување, Нет-а-Портер, кој неодамна отвори нов оддел посветен на спортската облека, оствари заработка од 435 милиони фунти за една година, до март 2013та, но објави загуба од 24,7 милиони фунти, според вестите Канал 5.

Наводно, Нет-а-Портер паметно испланирале да платат дел од данокот со тоа што ќе го претворат профитот во загуба.

Загубата била направена така што компанијата одлучила да ги наградува директорите со доделување на акции.

Нет-а-портер ги користи загубите за да се намалат вредностите на данокот што треба да го плати, како што изјавуваат вестите. Даночните експерти велат дека од сметките на компанијата било многу тешко да се открие што навистина се случува.

Ричард Марфи, од одделот за ресурси на Британија вели: „Конкретно за оваа компанија, ние не знаеме каде тие го прават профитот, ниту пак каде се плаќа данокот. Ние всушност воопшто не знаеме дали се плаќа било каков данок, затоа што нема извештај за текот на профитот, затоа што матичната компанија е во Швајцарија.

Net-a-Porter-US-SALE

Тој додва дека се' уште живееме во свет, кога на компаниите им е дозволено да работат нетраспарентно и да се послужат со „трикови“ да ги остави останатите во недоумица за тоа на кој начин функционираат.

Има поделени мислења околу тоа дали Нет-а-Портер плаќа, треба да плаќа данок и околу целото заташкување на ситуацијата.

Од компанијата пак, велат дека во нивното работење нема ништо спорно и дека ги следат сите регулативи во Британија.

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Актуел