Ники Минаж е елегантна дива во кампања на Кавали

19 декември 2014

Иако оваа сезона се снимија навистина жешки фотосесии за некои од најпознатите светски модни брендови, онаа на Ники Минаж за Роберто Кавали дефинитивно ги победи сите!

Контроверзната раперка, изгледа како вистинска  дива во совршените фустани на брендот, претставувајќи една сосема поинаква, нежна и женствена страна со која многумина не се запознаени.

Во изјавата за медиумите, Роберто Кавали објаснува дека таа била сосема обична спонтана како совршен избор за ново заштитно лице на брендот, благодарение на нејзината огромна популарност.

Можеби сосема случајно, но низ целата кампања на мистичен начин се провлекуваат змиски моменти, со оглед на тоа што Минаж и обожува да пее за овие влекачи!

Со оглед на нејзината маркантност, во фотосесијата не се употребени никакви реквизити, односно истата е направена во студио со интересни колоритни позадини што се прелеваат низ просторот.

„Ја одбравме Ники Минаж бидејќи таа е олицетворение на женственоста што треба да ја поседува секоја Кавали жена. Последниве години, некако се навикнавме да гледаме жени што постојано го кријат своето прекрасно тело“, вели Кавали.

Тој додава и дека преку оваа кампања, од брендот сакаат  да испратат силна порака.

„За оваа кампања, сакав да најмам една сензуална жена која е свесна за убавините на нејзиното тело, која не се плаши да ги покаже нејзините облини, туку сосема спротивно, истите ги смета за предност. А токму таква е Ники Минаж“, вели Кавали.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од одличната кампања на Роберто Кавали!

Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Актуел