Ники Минаж во празничната кампања на H&M

10 ноември 2017

Претпразничната манија веќе наголемо е присутна во модниот свет. Традиционално, сите светски брендови овој период од годината, се во креативен натпревар: кој ќе осмисли поинвентивна празнична кампања.

Шведскиот H&M можеби изненади со изборот на Ники Минаж како главен лик во нивното божиќно видео, за кое веќе објавија „тизер", а целата приказна ќе може да ја видиме на 28-ми ноември.

Покрај Минаж во видеото се појавуваат и Џеси Вилијамсон и Џон Туртуро, а модерната празнична бајка има сентиментална порака.

Инаку празничната колекција на H&M вклучува свечени парчиња за целото семејство, од плетени џемпери, романтични фустани и високи потпетици до елегантен накит.

Објавено:
10 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
406 пати