Нил Патрик Харис ќе биде домаќин на филмските Оскари оваа година

16 октомври 2014

Ѕвездата на актуелниот филм Gone Girl, актерот Нил Патрик Харис ќе биде домаќин на најголемата филмска манифестација Оскари 2015, која ќе се одржи на 22 февруари.

Довербата да води шоу од вакви размери му е дадено на Харис пред се поради изминатиот труд како професионален уметник не само во сферата на филмот и актерството , туку и како популарен водител на ТВ екраните. Имено,Нил Патрик Харис на светската јавност и познат како водител на ТВ шоу, добитник е и на Тони награда и е одличен  актер на филмското платно. Тој вчеравечер на социјалната мрежа Твитер, гордо се пофали за укажаната чест.

 

Објавено:
16 октомври 2014
Категорија: 
Актуел