Ноќен шопинг во Скопје сити мол

1 јули 2016

Денеска Скопје сити мол традиционално им овозможува на своите потрошувачи групен ноќен шопинг со попусти и подароци.

„Сите продавници  ќе бидат отворени до 24 часот и ќе понудат попусти, подароци и бесплатни коктели за лојалните потрошувачи, кои ќе уживаат во пазарувањето со различни музички стилови изведени од нашите гаражни бендови и диџеи. Потрошувачите ќе можат во живо да ја следат продажбата и забавата и да се информираат за најдобрите зделки и парчиња облека директно од кабините за пробување“, се вели во соопштението од Скопје сити мол.

Освен ова, викендот што следува, на 2 и 3 јули (сабота и недела), сите ќе можат да уживаат во истите попусти до 70%, во авантура низ омилените продавници и угостителски објекти, во стандардното работно време на Скопје сити мол.

 

Објавено:
1 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.330 пати