Ноќта кога се сретнаа Ленон и Јоко Оно

24 април 2017

„Кога прв пат ја сретнав Јоко, беше исто чувство како кога ја сретнуваш твојата прва девојка и ги оставаш пријателите со кои си дојден во бар, повеќе не те интересира ниту фудбал, ниту билијард. Јас не бев свесен дека ја сретнав девојката од моите соништа, но сега знам што ми се случило. Откако Јоко влезе во мојот живот не ми е потребен никој друг и тоа е реалноста на оваа приказна“ - ќе изјави Џон Ленон за Јоко Оно.


Двајцата за прв пат ќе се сретнат на 6-ти ноември 1966 година. Јоко имала 33 години, ексцентрична уметница од Јапонија која се обидувала да успее во Европа преку својот концептуален пристап. Изложбата со наслов „Недовршени слики и предмети“ се одржала во мала галерија во Лондон. Џон Ленон имал 26 години и бил мега популарен, ги живеел своите најславни моменти. За време на паузите во студио, еден ден отишол да се прошета до оваа мала галерија. Јоко Оно не знаела кој е ниту како се вика. Тој пак, првото нешто што го забележал било нејзиното дело со јаболко.

За да го гледаш ова уметничко дело требало да се плати ни повеќе ни помалку туку 400 долари. Свежо јаболко и ништо повеќе! Ленон искрено ќе изјави дека ништо не знаел за авангардата во уметноста тоа време и почнал да се смее кога слушнал за што треба да плати.


Јоко Оно пак ќе му признае дека од Битлси слушнала само за Ринго и го запаметила дека неговото име на јапонски значи „јаболко“. Јоко Оно во тоа време не кажувала дека била дела од јапонската аристократија, со татко кој бил еден од највлијателните и најбогатите банкари. Сакала сама да успее со својата уметност и била во потрага по мецени. Слушајќи го советот на сопственикот на галеријата Данбар да му пријде на Ленон и да му предложи да биде еден од мецените, таа му дала картичка на која само напишала: „Здив“. Ленон ја земал картичката без размислување и така станува еден од нејзините мецени. Останатото е историја!

Објавено:
24 април 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.029 пати