„Нов бран“ креативност на годишната ревија на студентите по дизајн на ТМФ

25 јуни 2018

„Новиот бран“ (Nouvelle Vague), периодот во француската кинематографија во златните 50-ти и 60-ти години беше темата на која годинава твореа студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет. Воедно, тоа е и насловот на годишната ревија која се одржа неодамна.

Ако „Новиот бран“ е период кој ѝ се спротиставува на традицијата, особено изразен во кинематографијата и начинот на кој се снимаат филмовите, но и промена во начинот на облекување и дотерување, а воедно покажување на желба за промена на општеството, студентите имаа можност да покажат како тие се инспирираат од оваа тема. 

Со оглед дека креативниот процес започна со почетокот на академската година, а првите резултати ги видовме на изложбата одржана во март, со што беше означен и почетокот на деновите на Франкофонијата во Скопје, ревијата претставува заокружување на овој процес.

Дел од студентите „бунтот“ и инспирацијата од ова движење ја претставија преку вметнување на поинтензивни бои во креациите, некои пак преку кројот, комбинација на ткаенини, односно текстури, а некои преку модните додатоци. Резултатот се креации кои лесно можат да профункционираат во денешницата.

Целиот креативен процес и едукативно насочување на студентите се одвиваше под менторство на професорката и дизајнерка, Лидија Георгиева, а крајниот резултат погледнете го во продолжение:

 

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
539 пати