Пред неколку месеци македонскиот моден бренд  Лудус ја прикажа новата колекција насловена како „Emotional Landscapes“ која ја разработува темата започната со претходната колекција и е базирана врз фраза од песна на Бјорк од албумот Homogenic.

Парчињата говорат за чувства на алармираност во јазик својствен за работата на Лудус. Деновиве беше промовиран новиот каталог за селектирани парчиња што ќе се продаваат на веб сајтот на етикетата  https://ludus.com.mk  и фејсбук продавницата https://www.facebook.com/LUDUScollection/shop/.

Каталогот е изработен од фотографката Ана Марија Радосављевиќ, модел е уникатниот Кемил Исметовиќ, а истиот е сликан  е во студиото Приватен Принт.

Како и минатата и оваа колекција е безродова, односно родово неутрална и е произведена од високо квалитетни природни материјали како волна, памук и лен.

Палетата од вообичаените бела и црна боја е надополнета со графитно зелена и акценти од бакарна боја кај додатоците.

Елементот на изненадување што се пројавува во работата на Лудус (лат. – игра, шега итн.) е постигнат со примена на некои техники од високата мода на симплифициран и забавен начин.

Па така видливи се превиви и деформирања на поинакви места од вобичаените за,  на пример, вечерната женска мода.

Покрај веб сајтот и фејсбук страницата на Лудус, колекцијата е достапна во новоотворената продавица Ап(о)тека во МКЦ, Скопје.

Објавено:
6 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
214 пати