Нов летен хит: Душеци во облик на пеперутки

2 јули 2018

Ако минатото лето модните блогерки и познатите личности полудуваа по душеците во форма на фламингоси и крофни, ова лето пристигнува нов тренд - душеци во облик на пеперутки.

Модната куќа „Мисони“ е виновна за ова. Имено, тимот на брендот оствари соработка со луксузната компанија играчки за базен, „Funboy“. Резултатот е душек во форма на пеперутка во две бои, со препознатливите принтови на „Мисони“.

Сите овие елементи прават и цената да биде висока. Душекот пеперутка чини 148 долари, односно 128 евра.

„Овој душек има елегантен и женствен облик на крилјата, направени така да се издигнуваат нежно додека душекот плови, поради што личноста што лежи на него има чувство дека лебди“, се вели во официјалното соопштение на брендовите.

Што мислите вие?

 

 

Објавено:
2 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
162 пати