Нов практичен „Tinex to Go“ во градот

25 ноември 2015

Секој од нас наутро размислува што да појадува, особено со оглед на тоа дека ѓевреците и бурекот ни се и повеќе од прејадени. „Tinex to Go“ е место каде што веднаш ќе добиете и идеја и вкусно јадење по пристапни цени.

Синџирот на овие продавници се проширува, па од денес сите во близина на трговскиот центар „Зебра“ имаат ново пријатно катче за храна и пијалак.

-Ова е трет локал што го отвораме. Првиот се наоѓа во „Раде Кончар“, вториот е во катната гаража на „Јужен Булевар“, во рамки на „Зебра“ е овој трет, а планираме наскоро да отвориме уште еден. За оние што досега не посетиле ниту еден „Tinex to Go“, сакам да кажам дека тоа е еден тип на кафетерија во рамки на маркетите, но не е потребно да влезете во „Тинекс“ маркетот за да јадете или да купите готова храна, туку се со одделен влез. Овој третиот е комплетно осамостоен и е еден вид бистро, што значи дека во понудата вкучуваме и одреден број алкохолни пијалаци. Нема служење, туку се работи на принцип на самопослужување – ни објасни Софка Камилоска, менаџер на „Tinex to Go“.

Софка Камилоска

Кога е понудата во прашање, љубителите на вкусната храна можат да бираат.

-Имаме 20 вида на ладни сендивчи, за цела популација, свежи, што секој ден се носат, потоа десет вида салати, солени мафини, торти...  Дали ќе останете да го изедете оброкот или сте на поминување и ви е за носење, изборот е ваш, но ние ги нудиме и двете опции. Исто така, има и кафе за носење – вели Камилоска.

Цените се пристапни и примамливи. На пример, еспресото е 39 денари, цезар салатата е 99 денари, пилешки сендвичи за 69 денари...

-Се надеваме дека ќе успееме да им покажеме на луѓето дека и брзата храна, што не е хамбургер, туку здрава храна може да биде вкусна и достапна. „Tinex to Go“ има за цел да ја покаже практичната страна, особено имајќи го предвид брзиот начин на живот – изјави Софка.

Она што посебно го потенцира е дека при приготвувањето на храната се користат италијански производи (кашкавали, сувомеснати производи итн), додека пак лепчињата се домашен производ. За оние што внимаваат на исхраната, во „Tinex to Go“ можат да се најдат и цедени сокови, смути напитоци...

-Сè на што можете да се сетите како производ што можете да го земете и да одите, ние го имаме – порачува Софка.

Во тоа дека храната е мошне вкусна, имавме можност да се увериме и самите, а за убавото чувство придонесува и пријатниот и топол амбиент. Она што сте го гледале во другите градови, сега е достапно и кај нас. „Tinex to Go“ е апсолутно „ин“!

Работното време започнува во 8 часот наутро, па ви советуваме уште утре да наминете и да го пронајдете вашиот нов омилен оброк.

Љубезниот тим на „Tinex to Go“ ве очекува!

Објавено:
25 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
7.652 пати