Нов сладок дизајн на чаши од Starbucks

31 октомври 2013

Вистинските љубители на кафе оваа сезона ќе добијат нови дизајнерски чаши. До сега за Starbucks чаши имаат креирано Шарлот Ронсон, Џонатан Адлер, Кристијан Сириано и Родарт, а сега за новиот имиџ задолжена е дизајнерката Стејси Бендет од брендот Alex & Olivia.

Стејси креираше лимитирана серија на керамички чаши во црно – бел пругаст модел, металик детали, машна, здолниште од тул и плишано мече облечено во шик комбинација од црна, бела и црвена боја.

Новиот дизајн чаши ќе се најдат во продажба од 12 ноември по цена од 19. 95 долари.

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Актуел