Нов супер бренд на групацијата H&M!

31 март 2017

Веројатно и вие сте едни од оние кои обожаваат да ги носат парчињата од овој бренд, па сигурно со радост ја дочекавте веста дека групацијата H&M отвора нов бренд под името Аркет.

Во истиот ќе можете да најдете производи за жени, мажи, деца и дом, а како што најавуваат од брендот станува збор за модерни продавници во кои ќе најдете сѐ што ви е потребно.

Првата продавница ќе биде отворена во Лондон некаде кон крајот на ова лето или почетокот на есента, а истовремено во 18 европски земји ќе може да се купува онлајн.

Како што најавија од групацијата, нешто подоцна и физички ќе бидат отворени бројни продавници во Брисел, Копенхаген и Минхен.

Она што е навистина интересно е тоа што во некои продавници ќе има и кафуле во кое ќе можете да се одморите од шопингот и да уживате во неодоливата нордиска кујна.

„Во продавницата ќе има и кафуле каде сите ќе можат да уживаат во добро кафе и здрава кујна, со што сакаме да го направиме шопинг искуството уште подобро“, изјави креативната директорка на брендот, Улрика Бернард.

Според Business of Fashion каде што првично беше објавена информацијата, отворањето на „Аркет“ е дел од планот на групацијата H&M во 2017 година да отвори два нови бренда и со тоа да се прошири на пазарот во Казахстан, Колумбија, Исланд, Виетнам и Грузија.

Со оглед на популарноста на веќе постојниот бренд, успехот е и повеќе од гарантиран. 

Објавено:
31 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.802 пати