Нова H&M колекција изработена од рециклиран отпад

7 февруари 2017

Бајковити парчиња изработени од еко материјали ја сочинуваат новата Conscious Exlusive колекција на шведскиот гигант H&M.

Оваа колекција наменета за актуелната сезона вклучува парчиња изработени од иновативен рециклиран материјал Bionic (рециклиран полиестер изработен од пластичен отпад) со што овој моден бренд нашироко ги поместува границите на еколошката мода.

Заштитно лице на кампањата е Наталија Водјанова која и самата е позната по нејзината хуманитарна и општествено одговорна работа. Таа носи романтичен плисиран фустан украсен со карнери, во пудреста розова нијанса.

За кампањата е снимено и видео кое може да го погледнете подолу.

Објавено:
7 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
615 пати