Нова колекција од Bormioli Rocco во Tinex Home

16 јуни 2017

Веројатно секој еден од вас слушнал за квалитетните производи на италијанскиот бренд Bormioli Rocco, а нивната нова и неодолива колекција сега ќе можете да ја најдете ексклузивно во продавницата на Tinex Home. 

Подгответе се за долгото топло лето со нивните фантастични чаши во кои можете да послужите вкусен сладолед, овошен куп, разни пијалаци и што уште не. 

Уживајте во летните вечери со чаша освежителен коктел украсен со највкусното овошје во овие извонредни чаши во кои доживувањето е сосема поинакво. 

Подеднакво прекрасен е и сетот чинии и чаши од мурано стакло во кои секој оброк ќе добие сосема поинаков вкус, а вие и вашите пријатели ќе уживате во секој миг. 

Сите парчиња од новата колекција на Bormioli Rocco се нешто што секоја жена би требало да го има во својата кујна, а истите се и совршен подарок за безброј пригоди.

Bormioli Rocco гарантира врвен квалитет и дизајн кој ќе ја разубави вашата кујна и трпеза. Од сега префинетите производи на Bormioli Rocco достапни и во Tinex Home.

Спонзорирана објава 

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
887 пати