Нова, контроверзна реклама на „Келвин Клајн“

11 мај 2016

Кампањата за „Келвин Клајн“ со Кендал Џенер и Џастин Бибер привлече големо внимание, особено по изјавата на дизајнерот дека Џенер воопшто не му се допаѓа како модел и смета дека не е соодветна за неговиот бренд.

Но, со оглед на тоа дека сепак тој не ја води во целост работата на модната куќа, неговиот тим одлучи дека таа сепак е добра, па е едно од водечките лица и во најновата кампања за пролет 2016, за која стручњаците ќе кажат дека е една од најконтроверзните.

Темата на кампањата е еротика, а моделите Кендал Џенер, Аби Ли Кершо, Саскиа де-Браув и актерката Клара Кристин се потрудија што подобро да ја пренесат пораката. Со цедење на црвен грејпфрут, со што треба да се создаде алузија на женските гениталии, како и позирање со јагне што алудира на невиност, но и клонирање, изгледа американскиот бренд праќа јасна порака.

За фотографиите е задолжен Харли Вајр, кој употребува и „белфи“ концепт на фотгорафирање – односно,  автопортрет при што се зумира грбот или задникот.

Како вам ви изгледа најновото од Келвин Клајн?

Објавено:
11 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
753 пати