Нова станица за љубителите на уметноста: Art & Fashion Station

24 септември 2018

Двете млади уметници Блашка Миева и Магдалена Таневска ги здружија своите креативни сили во една нова и свежа, уметничка и урбана приказна наречена „Art and fashion station".

По тој повод тие ве покануваат на официјалното отворање на ова ново урбано катче во близина на Универзалната сала во Скопје, закажано за 27 септември со почеток во 19 часот.

Во рамките на отворањето ќе биде поставена и новата изложба на Блашка Миева, под насловот „Бисерно синило".

Покрај големите изненадувања што ги најавуваат двете млади уметници, понудата ќе биде збогатена и со уникатниот накит на дизајнерката Надица Златкова Митевска од Art fantasy jewelry.

Објавено:
24 септември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
179 пати